Нуредини на економски форум со австриските бизнисмени

Нуредини на економски форум со австриските бизнисмениМинистерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на економскиот форум „Извршна мисија – РеФокус Австрија“,  на која заедно со вице премиерот Фатмир Битиќи, министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за економија Крешник Бектеши разговараа со високата австриска делегација и претставниците на  видни австриски компании за отварање нови можности за економско – трговска соработка меѓу двете држави. 

 

Форумот  се организираше во рамки на посетата на австрискиот федерален министер за надворешни работи на Австрија Мајкл Линхарт. Имајќи предвид дека  Австрија е еден од најсилните поддржувачи на европската перспектива на Северна Македонија и е на првото место на листата на странски инвеститори во државава, на средбата со австриските бизнисмени, а во присуство на министерот за надоврешни работи на Австрија Линхарт, амбасадорот на Австрија во Северна Македонија Вутсас и потпреседателот на австриската стопанска комора Гади уште еднаш се потврди подготвеноста на Австрија за поддршка на државата во реформските процеси преку трговска размена и инвестиции.

 

Фокусот  на дискусиите беше на подготвеноста да се следи новиот пристап кон обновување на економиите во постковид периодот и можноста за развивање на соработка во областа на обновливите извори на енергија, третман на отпадни води, хидроенергијата и дигитализацијата.