Министерот Нуредини оствари прва работна средба со новоименуваниот градоначалник на Охрид Кирил Пецаков, на која разговараа за тековните и планираните активности во оваа општина.
Министерот Нуредини ја нагласи потребата од соработка помеѓу локалната и централната власт за реализација на клучните инфраструктурни проекти во овој регион, за што градоначалникот изрази подготвеност. Се потенцираше важноста на функционирањето на колекторскиот систем за собирање на отпадните води, инвестирање во канализациската мрежа, воспоставувањето на самодржливиот регионален систем за управување со отпад и замената на нееколошките начини на загревање на јавните објекти.
Предизвикот за општина Охрид е и во заштитата на непроценливото природно наследство на Охридското Езеро во рамнотежа со социоекономскиот развој, пред се одржливиот туризам. Во таа насока, се разговараше и напредокот во постапката на прогласување на Студенчишко Блато за заштитено подрачје и ревалоризацијата и Планот за управување со Охридското Езеро, а во врска и со препораките од Комитетот на УНЕСКО.