Денешната средба на министерот за животна средина и просторно планирење Насер Нуредини со претставниците на граѓанските здруженија се одвиваше во атмосфера на конструктивна размена на информации и сугестии, со цел да се воспостави синергична соработка преку која ќе се постигнат заедничките цели во однос на животнтата средина. Тема на средбата, која е прва во низата планирани тематски средби со претставниците на граѓанскиот сектор беше аерозагадувањето.
„Ако ние сме тука за да работиме за граѓаните, а вие сте претставници на граѓаните добро е да се сослушаме и да ги здружиме напорите и силите бидејќи само така може успешно да ја постигнема целта која е иста и заедничка“ истакна Нуредини. Министерот Нуредини ги информираше граѓанските здруженија за активностите што МЖСПП ги преземаше во изминатата година, но и за планираните активности во наредната. Беа споделени информации за измените на законската регулатива, за мерките за намалување на загадувањето на воздухот, но и за активностите за зааштита на природните вредност и др. Претставниците на НВО споделија конструктивни сугестии во кои делови би можела да се подобри активноста на владините институции и на самото МЖСПП во однос на активностите за подобрување на аерозагадувањето и заштитата на животната средина.Исто така од страна на невладините организации се покрена прашањето за зголемување на буџетот наменет за спроведување на мерки во животната средина како и алокација на средствата што се собираат од еко-такси за посоодветно нивно враќање во животната средина. Се сугерираше и за воспоставување на позасилена соработка со локалните самоуправи, а невладините организаци пројавија интерес и за поголемо вклучуивање при изработката на предлог законите и слично.