Д-р Теодора Обрадовиќ – Грнчаровска, државен советник за климатски промени во МЖСПП и национален контакт кон Конвенцијата на ОН за климатски, го отвори курсот за млади „ Климатска дипломатија“ со зборовите: „ Од вас млади интузијасти очекувам, користејќи знаење и на наука засновани информации да бидете промотори на добрите климатски акции во своите средини и пошироко, бидејќи само со знаење и со заеднички сили ќе можеме да одиме по патот во остварување на зеленото сценарио од националните климатски политики како најисплатливо за иднината на државата“.
Обуката е наменета за 20-тина млади учесници од државата кои имаат шанса да научаат што е климатска дипломатија, да ја разберат улогата на Конференцијата на ООН за климатски промени, Парискиот договор и COP26 и што се тоа национални утврдени придонеси (NDCѕ) на Северна Македонија.
Обуката е во организација на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин како дел од проектот „Млади амбасадори за климатски промени е финансиски поддржан од Британска Амбасада во Скопје.