Како последователна активност на одржаниот состанок помеѓу министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини и в.д. директорот на Дрисла – Скопје ДОО Коста Начевски, како и спроведената првична посета на локацијата од страна на стручните лица од МЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина, денеска, Министерот заедно со претставниците од Министерството, ДИЖС, медиумите и невладините организации, оствари посета на депонијата.
При посетата на Дрисла, министерот Нуредини одржа краток состанок со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и новоименуваниот в.д. директор, на кој беше разговарано за новиот управувачки план и идните инвестиции за подобро управување со отпадот.
Министерот Нуредини изјави дека МЖСПП ќе ја даде својата поддршка и стручна помош за новата управувачка структура со цел исполнување на пропишаните европски стандарди за соодветно управување со отпадот и обезбедување на заштитата на животната средина, што е во интерес на сите.