(20.03.2015г.) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, оствари работна средба со амбасадорот на Словенија во Р.Македонија,Н.Е. Бранко Раковец.
На средбата, министерот Изаири ја поздрави досегашната успешна билатерална соработка во областа заштита на животната средина, изразувајќи уверување дека продлабочувањето на истата ќе отвори нови можности за размена на искуства и проекти од областа помеѓу двете држави.