(08.08.2019г) Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари работна средба со градоначалникот на општина Боговиње, Аљбон Џемаили.
На средбата се дискутираше за актуелните состојби во општината од областа животна средина и како Министерството за животна средина и просторно планирање може да помогне во справување со актуелните предизвици за подобар и поквалитетен живот на граѓаните.
Воедно Градоначалникот и Министерот изразија подготвеност за поблиска соработка преку иницирање на нови заеднички проекти.