Новиот министер за животна средина и просторно планирање Башким Амети, денес и официјално ја презеде функцијата на министер од својот претходник Нурхан Изаири.
По овој повод, новиот министер Амети истакна дека во фокусот на неговата работа ќе биде спроведувањето на Програмата на Владата и реализирањето на предвидените проекти.
Досегашниот министер Изаири му посака успешна работа на новоименуваниот министер Башким Амети.