(20.04.2016г) Денеска министерот за животна средина и просторно планирање Башким Аметиоствари работна средба со претставниците на Швајцарската амбасада, поточно на Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (SECO) и на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).
На средбата се дискутираше за тековните и идни проекти кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги реализира со помош на Швајцарската влада. При тоа беа разгледани фактичките состојби на проектите и можностите за интензивирање на нивната реализација. Меѓу другото се зборуваше за реализација на пречистителни станици во населени места во државата.
Во оваа прилика министерот Амети изрази подготвеност на Министерството за продолжување на веќе добрата соработка на Република Македонија со Швајцарската Федерација во областа на управување со водите и животната средина.