Министерството за животна средина и просторно планирање во врска со реакциите за изградба на малите хидроцентрали Пена 84 и Пена 85 на Шар Планина ја информира јавноста дека постапува согласно законските обврски што се целосно комуницирани и усогласени со засегната јавност во текот на целиот процес на прогласување на НП Шар Планина за заштитено подрачје во категорија II. Ова е потврдено и со исклучително транспрентниот и инклузивен процес што ја следеше целата оваа постапка.
МЖСПП и Владата на РСМ ја ценат исклучителната комплексност на заштитеното подрачје и сестрано го помагаа и ќе го помагаат воспоставувањето на управувачката структура на Националниот парк Шар Планина и системот за одржливо управување со заштитеното подрачје.
Во однос на МХЕЦ во рамки на Националниот парк, Владата и МЖСПП строго го почитуваат договореното, што е правно регулирано со Законот за прогласување на Паркот за заштитено подрачје, зонирањето, како и фактичката состојба.
За нови МХЕЦ нема да се склучуваат Договори.
Прифатени како постоечка инфраструктура се само веќе изградените МХЕЦ.
Сите договори за МХЕЦ што се наоѓаат во зона на строга заштита и активно користење се пристапи кон преговори и без разлика во која фаза на процесот се наоѓаат се раскинати вкуно 8 договори и тоа за МХЕЦ Лешочка 100, МХЕЦ Лешочка 101, МХЕЦ Маздрача, МХЕЦ Беловишка 107, МХЕЦ Вратничка 66, МХЕЦ Љуботенска 67 и МХЕЦ Пена 82, во текот на 2021 и 2022 година се спроведени повеќе активности и е постигната взаемна согласност за раскинување на договорите за концесија, на начин на концесионерите да им бидат исплатени само извршените вложувања, без исплата на други надоместоци на штета и камати за уплатените концесиски надоместоци.
Дополнително, покрај наведените, постигната е согласност и за спогодбено раскинување на МХЕЦ Шеличе со реф.бр. 91, која е лоцирана во зоната на одржливо користење, а која не беа започнати градежни активности.
Раскинувањето на овие договори ја чини државата 78,423,331 денари.
Во зона на одржливо користење продолжуваат со изградба оние МХЦЕ кои се веќе започнати со градба, а тоа се Пена 84, Пена 85 и Караниколос 80 .
Во однос на МХЕЦ Пена 84 не станува збор за нови концесии, туку за продолжување на рокот за изградба на овие МХЕЦ кои веќе почанале со градба. Продолжувањето на рокот за изградба е предвиден во случај кога Концесионерот е спречен, не по своја вина да ги изврши потребните активности за изградба и пуштање во употреба на малите хидроелектрични централи, при што роковите се породолжуваат за онолку време за колку е утврдено застој кој не е предизвикан од Концесионерот. Продолжувањето на рокот не е поврзано со претходно извршениот пренос на удели, туку со застои во постапките за решавање на имотно правни работи и во други постапки кои Концесионерот мора да ги спроведе за да ги изгради и пушти во употреба централите.
Овие МХЕЦ се започнати со реализација пред донесување на Законот за прогласување на Шар Планина, и во Студијата за валоризација се означени како мхце во зона на одржливо користење. Напоменуваме дека овие централи беа предвидени за изградба во група со МХЕЦ 82 – лоцирана во строга заштита и со МХЕЦ Шеличе. Уште во фаза на изработка на Студијата од групата се одвои МХЕЦ 82 за која веднаш започна постапка за спогодбено раскинување.
На Јавната Установа Шар Планина со допис од 12.10.2022 година и се доставени сите издадени дозволи за користење на вода и одлуки за доделување на концесија за мали хидроелектрични централи на подрачјето на Шар Планина, вклучувајќи ги предметните за кои е пројавен интерес.
Во однос на наводите за извршен пренос на концесијата и неосновано продолжување на рокот за изградба, укажуваме дека Концесијата не е пренесена на друг субјект, останува истиот концесионер Гравис Хидро со непроменети права и обврски во однос на реализација на Договорот. Извршен е пренос на удели во компанијата , тоа не доведува до промена во издадените Дозволи за користење на вода, односно носител на дозволата за користење на вода останува Друштвото за производство и промет со електрична енергија “Гравис Хидро” ДОО Гостивар, како Концесионер кој продолжува со реализација на активностите.
Со овој концесионер е постигната спогодба за раскинување на договори за други две МХЕЦ за што постоеше законска основа. Шеличе и Пена 82.
Во однос на информациијата дека изградбата на оваа МХЕЦ ќе влијае врз безбедноста на системот за водоснабдување на Тетово со вода за пиење укажуваме дека МЖСПП пред доделување на постапката за концесија изработи посебна Физибилити студијата за оправданост на доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија со изградба на мали хидроелектрични централи на р.Пена и р.Лешочка, каде се земени предвид зафатите за водоснабдување, количините на вода кои се зафаќаат за водоснабдување, а во постапките се вклучени општините каде се лоцирани сите МХЦЕопфатени со студијата.
Зафатот на МХЕЦ Пена се реф бр. 84 е лоциран под зафатот за водоснабдување и оваа МХЕЦ не може да негативно да влијае на водоснабдувањето. Концесионерот е должен изградбата на објектите да ја врши соглано Дозволата, техничката документација и другите позитивните законски прописи.