Со тоа се овозможува непречено аплицирање
Ве известуваме дека согласно обврските од договорот за пристапување кон ЕУ Програмата Живот (LIFE), Министерството за животна средина и просторно планирање изврши целосна уплата на националниот придонес за 2023 година за учество во Програмата.
Со тоа се овозможува непречено аплицирање со проекти од областа природа и биодиверзитет, кружна економија и квалитет на живот, ублажување и адаптација на климатските промени и транзиција на чиста енергија од страна на различни правни ентитени согласно условите пропишани на јавните повици. Јавните повици се достапни на веб страницата на Европската Комисија согласно Повеќегодишна работна програма за Програмата „Живот“ (LIFE) 2021-2024) на следниот линк: https://shorturl.at/awGLS