На тема „Вмрежување на Македонија во светските трендови за управување со цврстиот отпад“ се дискутираше на меѓународната конференција која што денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Македонска асоцијација за управување со отпад (МаСВА).
– Решавање на проблемите со еколошки несоодветното одлагање на отпадот на општинските нестандардни депонии, кои треба итно да се затворат, или технички да се надградат до стандардите утврдени со закон, преку воспоставување на систем за селекција на отпадот и конечно зајакнување на секторот за третман и преработка на отпадот се задачате кои што ни претстојат во правец на решавање на состојбите со управувањето со отпадот- истакна в.д директорот на Управата за животна средина Билјана Зефиќ во воведното обраќање.
На конференцијата која е дел од твининг-проектот финансиран од ЕУ за управување со отпад (MK 12 IB EN 02), беа претставени актуелните состојби со управувањето со отпадот во државата, домашните компании, но и експертите и здруженијата кои работат во оваа област.
Меѓу другото се разгледуваа и можностите за искористување на достапните фондови на ЕУ. На конференцијата се обратија и министерот без ресор задолжен за инвестиции д-р Зоран Шапуриќ, како раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, Никола Бертолини.