(13.12.2018г.) Во рамките на Светската конференција за климатски промени – СОР 24, заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, оствари средба со помошникот државeн секретар во Министерството за животна средина на Република Полска, Славомир Мазурек.
На средбата беше изразено обострано задоволство од добиената поддршка за министерската декларација “Оn forest for the climate”, предложена токму од Република Полска.
Разговарано беше и за очекувањата и одлуките поврзани со Светската конференција за климатски промени.
Дополнително, во разговорите најголем акцент беше ставен на проблемот со аерозагадувањето.
Имено, Полска има 10-годишна Програма за чист воздух, промовирана од Премиерот на државата, која за цел има справување со аерозагадувањето од домаќинствата. Во рамки на таа Програма предвидена е замена на печки за затоплување на домовите, предвидени се субвенции за енергетска ефикасност, како и стимулирање на поврзувањето на центалниот систем за затоплување.
Средствата за реализација на таа Програма се од националниот буџет, ЕУ средства и од поддршкатана компаниите, односно од деловната заедница.
Заменик министерот Макрадули, истакна дека Планот за чист воздух, кој неодамна го донесе Владата на Република Македонија, ги следи истите правци и компоненти.
На состанокот беше договорено во рамки на ЕУ механизмите за поддршка, учество на експерти од Полска, во обезбедување на дополнителни механизми, со целпоуспешна имплементација на Планот за чист воздух.