Денеска во Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на процесот на изготвување на Стратешкиот акционен план за басенот на реката Дрим, заменик министерот Јани Макрадули одржа работна средба со делегација на Глобалното партнерство за води (спроведувач на ГЕФ /УНДП Дримскиот проект) предводена од координаторот Димитрис Фалутсос и националниот координатор на ГЕФ Дримскиот проект Дејан Пановски со цел координација и споделување на информации за реализација на визијата и целите на Стратешкиот акционен план (САП) за Дримскиот басен.
На средбата со координаторот Димитрис Фалутсос и тимот за спроведување на Дримскиот проект се разговараше за изработката на Стратешкиот акционен план за басенот на реката Дрим, како и за изготвување на програма со мерки за имплементација, кои произлегуваат од САП-от. Главна тема на денешниот состанок беше менаџмент планот за Охридско езеро, кој треба да биде готов до крајот на 2019 година.
На состанокот заменик министерот Макрадули истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање во целост ја поддржува реализацијата на сите зацртани активности и цели од овој проект, а воедно отвори и нови иницијативи, меѓу кои и иницијатива за заедничка соработка околу идното менаџирање со р.Вардар.