Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, денеска, оствари работна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Кеико Ханеда.
На средбата се разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во областа животна средина која покажа одлични резултати, како и за можностите за размена на позитивни искуства и координирање на заедничките активности меѓу двете држави.
Исто така, Макрадули и Коинума развија дискусија околуактивностите за ратификација на Минамата Конвенцијата за жива чии потписнички се Р. Македонија и Јапонија, при што за Македонија се приоритетни поддршката, знаењето и искуството кои Јапонија сака да ги сподели со нашата држава.