Заменик министерката за животна средина и просторно плaнирање Христина Оџаклиеска имаше воведно обраќање на Конференцијата за ремедијација на почва и вода, чија цел е вмрежување и размена на искуства меѓу државите, институциите и експертите.
– Оваа конференција дава можност за отворен дијалог меѓу експертите и испекциите за животна средина, и ни овозможува да оствариме плодна соработка во надминување на проблемите и поефикасно справување со идните предизвици од областа, бидејќи здравата животна средина е од суштинско значење за опстанокот на планетата, особено денес, кога сме соочени со климатски промени, разорни поплави, земјотреси, шумски пожари, ерозија, опустинување, недостаток на храна и загадување на сите медиуми на животната средина, особено почвата, водата и воздухот – истакна Оџаклиеска.
На настанот беше презентирана состојбатасо почвата и водата во Северна Македонија, а присуствуваа европски и македонски универзитетски експерти, како и претставници од Министерството за животна средина и просторно плaнирање.
Конференцијата е во организација на Европската Мрежа на инспекторатите за животна средина “IMPEL” во соработка со Државниот Инспекторат за животна средина, кој, како нивна полноправна членка, веќе 17 години активно учествува во активностите на мрежата.