КОНСУЛТАТИВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ДОЛГОРОЧНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА КЛИМАТСКА АКЦИЈА

klimatskiДенеска се одржа првaта  онлајн консултативна работилница за нацртот на  Долгорочната стратегија за климатска акција, подговена од страна на ЕУ финансираниот проект „Подготовка на долгорочна стратегија и закон за климатска акција“.

На работилиницата присуствуваа претставници на релевантни министерства, јавни институции, невладин сектор и други засегнати страни кои се занимаваат со аспекти поврзани со климатски промени и климатска акција.

Тимот на проектот, составен од меѓународни и национални стручни лица ја презентираше севкупната визија и целите на нацртот на Стратегијата, правниот контекст и политиката за климатските активности, проекциите за емисиите на стакленички гасови, политиките и мерките за адаптација и ублажување, како и трошоците за транзицијата, социо-економските ефекти и понатамошни активности.

Учесниците дискутираа за презентираните материјали и информации во насока на унапредување на нацрт верзијата на Стратегијата. Нацрт стратегијата, како и останатите документи подготвени во рамките на проектот, како нацрт на Законот за климатска акција, подзаконските акти и останатите поврзани документи ќе бидат предмет на дополнителни измени и јавни консултации од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Измените и консултациите ќе помогнат во прилагодувањето на резултатите од Проектот на околностите во Република Северна Македонија. Усвојувањето и спроведувањето на резултатите ќе зависи од техничката и институционалната подготвеност на земјата.