Консултативна презентација на Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро

Консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата на Охридското Езеро, ќе се одржи на 16 ноември 2021 година (вторник) со почеток во 13:00 часот преку електронската комуникациска платформа ZOOM  на следниот линк:

https://us02web.zoom.us/j/86422471133

ID: 864 2247 1133

Вашите повратни информации и коментари се добредојдени. Користете го образецот за повратни информации за да ги испратите коментарите за нацрт-документот на следните адреси на е-пошта:

nanevkliment@hotmail.com , daniel.bogner@gmail.com.

 

Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO. Целта на настанот/работилницата е да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да се добие препораки и коментари за предлогот и да се обезбеди добар квалитет и применливост на документот.

Нацрт-планот за управување ќе биде достапен за повратни информации и коментари до 19 ноември 2021 година, а ќе биде ревидиран по анализата на добиените коментари од засегнатите страни.

Откако актот за повторно прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата ќе биде усвоен од Собранието, Телото за управување со Охридското Езеро во соработка со МЖСПП ќе иницира правна постапка за усвојување на Планот за управување со Охридското Езеро, вклучувајќи официјален процес на Јавна консултација со јавноста и формално побарани мислења од сите засегнати страни.

 

MK_DRAFT Management Plan Lake Ohrid 2021-11-10 MK

 

DRAFT Annex Ohrid_lake_zones A0

 

Формат за коментари на Македонски јазик-MK

 

Покана и Агенда за консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт ПУ за Охридско Езеро

 

 

Покана и Агенда за консултативна работилница со засегнатите страни по Нацрт ПУ за

Агенда