Денешната тематска средба на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини со претставниците на граѓанските здруженија се одвиваше во духот на зајакнување на партнерскиот однос на Министерството со граѓанските здруженија во правец на подобрување на состојбите со управување со отпадот во државата. Министерот Нуредини накусо ги информираше присутните за обврските, одговорностите и тековните активности на МЖСПП во областа и донесување на новиот пакет закони со кој е регулирана оваа област, а се дискутираше и за улогата на невладиниот сектор за процесите во државата и во областа. Средбата ја одбележа конструктивната дискусија во која се отворија и одговорија повеќе прашања поврзани со различните видови на отпад, а се дискутираше и за информациите кои деновиве се споделуваат по различни медиуми со тенденција да шират паника кај населението. Разгледани беа и низа предлози на присутните претставници на невладините организации бидејќи како што нагласи министерот Нуредини целта е заедничка и од невладините организации се очекува да бидат дел од процесот.
Конструктивна дискусија за подобрување на состојбите со управување со отпадот ја одбележа средбата на министерот Нуредини со невладините организации
јануари 23, 2020