(13.07.2018г.) Државниот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска, во Битола, одржа работна средба со градоначалничката на општина Битола Наташа Петровска..
На средбата беше договорено да се работи заеднички на обезбедување на финансиски средства за изработка на Студија за одржлив транспорт на Битола, односно набавка на еколошки автобуси.
Во име на МЖСПП, Петровска се завзема за побрзо издавање на дозволата за усогласување со оперативен план на РЕК Битола, со цел да се започне со интервентни мерки, вклучително и санација и озеленување на депонијата за лебдечка пепел.