ИНФО ГРАФИК “РЕШЕНИЈА ЗАСНОВАНИ ВРЗ ПРИРОДАТА”

Изработени се инфографици во рамки на проектот АДАПТ: “Решенија засновани врз природата за поотпорни општества на Западниот Балкан” кој е е финансиран од Шведската агенција за меѓународен развој и соработка (СИДА) и имплементиран од страна на Меѓународната унија за заштитa на природата (IUCN ECARO). Партнери на проектот од нашата земја се МЖСПП и Центарот за управување со кризи. Заедничка цел на проектот е зголемување на отпорноста на екосистемите и човековите заедници во однос на климатските промени и ризиците од катастрофи со примена на решенија засновани врз природата.