Информација до јавноста

undp-anketaПочитувани,
Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите Нации ја покануваат јавноста да учествува во електронското испитување на јавното мислење за климатските промени, кое се спроведува во рамките на проектот „Втор национален извештај за климатски промени“.
Своето мислење треба да го искажете пополнувајќи го е- прашалник насловен „ Дали ве засегаат климатските промени?“ што е достапен на следниот линк: http://klimatskipromeni.mk/UNDP/SURVEY/index.html
Првото истражување направено при крајот 2014 година како дел од од проектот „Прв двогодишен ревидиран извештај за климатски промени“ обезбеди податоци за информираноста и перцепцијата на јавноста во Македонија за климатските промени во тоа време.
Од тука, целта на ова ажурирано истражување е да покаже дали свеста и подготвеноста да се реагира на климатските предизвици кои во последно време се се’ поголеми е променета.
Компаративната анализа на резултатите ќе помогне за понатамошен наменски пристап кон комуникацијата и активното учество на граѓанскиот и јавниот сектор и напредок на Република Македонија во исполнување на обврските поврзани со климатските промени (кон меѓународната заедница/Парискиот договор/УНЦФЦЦ).
Крајните резултати од истражувањето ќе бидат објавени на интернет страницата http://www.klimatskipromeni.mk/. Во меѓувреме, може да видите како одговориле останатите испитаници на некои од прашањата на линкот кој ќе Ви биде прикажан откако ќе ги дадете Вашите одговори.

Одговарањето на прашалникот ќе Ви одземе од најмногу 10 минути.