На барање на медиумите, а со цел да се обезбеди целосна транспарентост и да се одговори на прашања за кои јавноста смета дека не е доволно информирана, Министерството за животна средина и просторно планирање објавува детална информација за целата постапка која претходеше на активноста за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје.
Имено, правното лице „Еко Центар 97“ е избрана за најповолен понудувач на јавниот Оглас од 11.04.2018 година, објавен од Стечајниот управник на АД Охис, Скопје Маринко Саздовски, за отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски атери од локации и производни погони во кругот на АД Охис Скопјe.
Имено, со Одлука на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за кризи е одлучено дислокацијата и неутрализирањето на опасниот хемиски материјал-отпад да биде на сметка на АД „Охис“ во стечај, па согласно ова стечајниот управник објавува јавен оглас. Министерството за животна средина и просторно планирање не е сопственик/доверител на АД ОХИС Скопје и оттука не учествувало во постапките за избор најповолен понудувач. По објавувањето на повикот, МЖСПП на барање на Основен суд Скопје 2 даде мисење во кое укажа дека ако дел од предметните хемикалии се вратат во промет потребно е да се земат предвид одредбите (член 31) од Законот за хемикалии („Службен весник на РМ“ бр. 145/10, 53/11, 164/13, 116/15, 149/15 и 37/16), а ако пак, целата количина на хемикалиите се третира како опасен отпад потребно е да се постапува согласно одредбите од Законот за управување со отпадот.
По спроведувањето на јавниот оглас се потпишува на договор помеѓу правното лице „Еко Центар 97“ и АД Охис, Скопје (Договор бр. 857/0307 од 20.12.2018 година), активностите требало да се раелизраат во рок од 9 месеци. Количеството и видот на хемикалии кои треба да се отстраната со оваа активност се дадени во прилог на оваа Информација.
По изборот, правното лице „Еко Центар 97“ достави „Писмо за намери за изведување на активноста“, согласно со Законот за животна средина и МЖСПП постапи по барањето, односно го задолжи правното лице да изработи елабората за оцена на влијанието врз животната средина, со цел да се оцени влијанието на активностите врз животната средина пред да започнат со спроведувањето на проектот. При оцена на елаборатот за влијанието на проектот врз животната средина се земаа предвид подготовката, изведувањето, спроведувањето и престанувањето со реализација на проектот, вклучувајќи ги и резултатите и ефектите од завршувањето на проектот и отстранувањето на загадувачките супстанци. Од доставената документација констатирано е дека со спроведување на проектот за безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје, нема да има значителни влијанија врз животната средина и правното лице „Еко Центар 97“ се задолжи целосно и без исклучоци да се придржува кон пропишаниот режим и мерки за заштита предвидени во Елаборатот за заштита на животна средина, како и кон дополнителни решенија доколку низ спроведување на проектот се покаже потреба од зголемен обем и вид на превенција.
МЖСПП во Решението го задолжи правното лице и за изработка на посебни планови за празнење, преточување на хемикалиите со мерки за заштита на работниците и животната средина и посебни процедури за постапување на терен, потоа План за потребната оперма и садови за препакување, заштитната опрема и потребна опрема за следење на емисиите и процена на ризикот за работниците кои ќе бидат вклучени во изведувањето на проектот кој требаше да биде изготвени од страна на „Еко центар 97“ пред започнувањето на проектот.
Согласно ова, МЖСПП информира дека е постапено согласно со регулативата и согалсно со надлежностите кои ги има во делот на овој предмет. Реалиацијата на сите предвидени мерки и активности согласно со Решенеито е обврска на правното лице, а надзорот над реализирањто на овие мерки е во надлежност на ДИЖС. ДИЖС утврдува дали се исполнуваат условите пропишани во елаборатот и има право да нареди спроведување на мерка утврдена во елаборатот, а која не се спроведува и го утврди временскиот рок за спроведување на мерката.
Ве молиме, следете го линкот на нашата веб-страница, каде можете да го најдете Елаборатот за заштита на животна средина:https://bit.ly/2K9OlN3
Дополнително, би сакале да ве известиме дека МЖСПП изготви предлог измени на Законот за животна средина кои се веќе во владина процедура, а со кои законски се уредува начинот на формално идентификување на „контаминирано подрачје“ и праговите за степенот на загаденост на медиумите на животната средина за добивање на тој статус, заради спроведување на мерки на ремедијација.
Притоа со законските измени се предвидува задолжително изготвување на План за управување со контаминираното подрачје, во согласност со ЕУ законодавството, кој што во случај на пренесување на сопственоста на имот што е дел од контаминирана локација, исто така мора да биде составен дел од купопродажниот договор.