Согласно постојната состојба со квалитетот на амбиенталниот воздух кој што во одредени делови на Република Македонија особено во Скопје и Тетово, е забележано повеќекратно надминување на граничните вредности на ПМ 10 честичките во период подолг од 10 дена, Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на своите ингеренции, а во соработка со ресорните министерства ќе препорача до Владата и до локалните самоуправи итно преземање на конкретни мерки, и тоа:
- Град Скопје и општината Тетово да ги интензивираат активностите за чистење на улиците, особено околу градилиштата;
- Државниот инспекторат за животна средина, во соработка со овластените инспектори за животна средина и комуналните инспектори на Град Скопје и другите општини да вршат секојдневна, вонредна контрола во инсталациите кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи;
- Во соработка со Министерство за здравство да се воведе мерка на сите правни субјекти (работодавци) во градот Скопје и општина Тетово за ослободување од работни обврски на хронични болни, бремени жени и лица постари од 60 години;
- Во соработка со единиците за локална самоуправа и Министерство за образование да се донесе одлука за започнување на зимскиот распуст за основните и средните училишта на 28.12.2015 година;
- Веднаш да се зголеми фрекфенцијата на автобуси и да се намали цената на билетот што би било стимул за користење на јавниот превоз;
- Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Град Скопје и општина Тетово и Државниот инспекторат, во период на алармантна состојба на загадувањето на амбиентниот воздух да воведат редуцирана работа на индустриските капацитети во соодветната единица на локалната самоуправа;
- Да се сопрат градежните активности и да се ослободат работниците кои работат на отворено од работните обврски.
Препораки за граѓаните:
- Да се користи јавниот превоз;
- Возила да не се користат без поголема потреба;
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време;
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал;