Врз основа на член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008) Министерството за животна средина на ден 01.06.2023 година започна постапка за донесување на Нацрт Закон за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата.
Нацрт законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата беше објавен на порталот на www.ener.gov.mk на 10.07.2023 година.
Јавната расправа е закажана за 14.09.2023 година во Општина Охрид со почеток во 10:00 часот како и на 15.09.2023 година со почеток во 10:00 часот во Општина Струга.
Реобјавувањето на ова известување е поради настанатите техничките промени со веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање и невозможноста на пошироката јавност да биде запозната со сите текови активности на МЖСПП.