Почитувани,
Министерството за животна средина и просторно планирање со жалење информира дека, поради немилиот настан во кој беше опожарен тетовскиот Kовид центар, односно голем дел од тетовскиот клинички центар, донесе одлука да го одложи Настанот за Инагурација на новиот национален парк Шар Планина кој требаше да се одржи утре, на 9-ти септември на Попова Шапка.
Воедно, им упатуваме најискрено извинување на сите уважени гости од државата и од странство заради ова непредвидено одложување. За новиот термин благовремено ќе ја известиме јавноста.
Министерството за животна средина и просторно планирање изразува најдлабока жалост и сочувство за жртвите во големиот пожар во тетовскиот клинички центар и им посакува брзо закрепнување на повредените граѓани.