Известување за јавни расправи по Нацрт планот за управување со заштитен предел (ЗП) „Малешево“ за периодот 2023-2032 година и Нацрт-извештај за стратегиска оцена на животната средина за нацрт планот за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023-2032 година

Врз основа на Закон за заштита на природата и Закон за животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Јавно претпријатие „Национални шуми“, на 22 јуни 2023 год.организираат Јавни расправиза заинтересираната јавност по двата документа. Јавните расправи ќе се одржат во два града од Источниот регион и тоа:

  • во Берово во просториите на повеќенаменскиот центар т.н „Бизнис инкубатор„ со почеток од 11.00 часот, и
  • во Пехчево во просториите на Дом на културата Јане Санданскисо почеток од 16:00 часот.

Нацрт план за управување со ЗП „Малешево“ за периодот 2023 – 2032 е достапен за увидна веб страницата на Министерството налинкот:

https://shorturl.at/ITZ14

Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животната средина за План за управување со заштитен предел Малешево за период од 2023-2032 е објавена на линкот:

https://shorturl.at/tAR36

Вашите забелешки или предлози може да гидоставите на јавните расправи или во рок од 10 дена од одржувањето на истите, анајдоцна до 3 јули 2023 год. на следните контакт адреси:

ЈП „Национални шуми“,  Булевар „Св. КлиментОхридски“ бр.68 (Европски универзитет) Скопје, е-маил komunikacii@mkdsumi.com.mk, и копија до Министерство за животна средина и просторно планирање,   плоштад ПресветаБогородица бр.3 Скопје, е-маилinfoeko@moepp.gov.mk