Известување за ставање на јавен увид и спроведување јавна расправа по Нацрт-извештај за Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год.

Врз основа на члeн 69 став 1 од Закон за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/2005; 81/2005; 24/2007; 159/2008; 83/2009; 48/2010; 124/2010; 51/2011; 123/2012; 93/2013; 187/2013; 42/2014; 44/2015; 129/2015; 192/2015; 39/2016 и 99/2018) како и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11) Министерството за животна средина и просторно планирање го дава следното

Известување  за ставање на јавен увид и спроведување јавна расправа по  Нацрт-извештај за Стратегиска оцена на животната средина на  Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија  за периодот 2020 – 2050 год.

Се известува јавноста, граѓанските организации и сите засегнати страни дека Министерството за животна средина и просторно планирање го стави на јавен увид нацрт- извештајот на Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год. Јавниот увид ќе трае 30 дена од денот на објавување, а нацрт- извештајот на СОЖС е достапен на https://arhiva.moepp.gov.mk/?nastani=%d0%b8%d0%b7%d0%b2%d0%b5%d1%81%d1%82%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5-%d0%bd%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%83%d0%b2%d0%b8%d0%b4-%d0%b8

Јавната расправа за нацрт- извештајот на Стратегиска оцена на животната средина на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год. ќе се одржи на 09.04.2021 (петок) со почеток во 11 часот, онлајн на следниот линк: https://zoom.us/j/96281956668

Се покануваат сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на јавната расправа и/или да достават свое мислење во врска со нацрт- извештајот за СОЖС во рок од 30 дена од денот на објавување на истиот.

Лице за контакт: Теодора О. Грнчаровска, t.grncarovska@moepp.gov.mk,

Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, Скопје.

Одлука за спроведување на стратегиска оцена

Подготовка на долгорочна Стратегија и Закон за климатска акција

Нацрт- извештај за СОЖС на Долгорочната стратегија за климатска акција на Република Северна Македонија за периодот 2020 – 2050 год.