Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на онлајн јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: Ветерен парк “Копришница“во општина Демир Капија и општина Гевгелија.
Заради неможноста да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа ќе се одржи на Microsoft Teams електронската платформа на
– 5 февруари 2021 година (петок) во 10.00 часот за заинтересираната јавност од Општина Демир Капија и општина Гевгелија.
Заинтерeсираната јавност може да се вклучи на следниот линк:
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: Ветерен парк Копришница во општина Демир Капија и општина Гевгелија e доставена од страна на инвеститорот ПЕРА ЕНЕРЏИ ДОО од Скопје до Министерството за животна средина и просторно планирање и и истата е достапна за увид на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk)
Контакт :
infoeko@moepp.gov.mk, по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје, или на отворените телефони на Архус Центарот: 070 666 230; 076 319 503 и 076 319 501.