Министерството за животна средина и просторно планирање Ве поканува да присуствувате на јавна расправа (видео консултација) по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција.
Заради неможност да се спроведе со физичко присуство, Јавната расправа (видео консултација) ќе се одржи на ЗООМ електронската платформа и тоа:
– На 19 ноември 2020 година (четврток) во 10.00 часот, за заинтересираната јавност од Општина Гевгелија и Општина Богданци која може да се вклучи на следниот линк:
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/93440221674?pwd=OXp0WVF0Qk1HdzFyLzUrR1NEQ3NtZz09
Meeting ID: 934 4022 1674
Passcode: 502978
– На 20 ноември 2020 година (петок) во 10.00 часот, за заинтересираната јавност од Општина Демир Капија и Општина Неготино која може да се вклучи на следниот линк:
Join Zoom Meeting
https://zoom.us/j/98185700425?pwd=RlRUWnJmdERyY2tuUEdwSVVKa1ZnQT09
Meeting ID: 981 8570 0425
Passcode: 836115
Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за изведување на Проектот: “Интерконективен гасовод Северна Македонија – Грција“ е доставена од страна на инвеститорот Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности “Национални Енергетски Ресусри“ со седиште на бул. “Св. Климент Охридски“ бр.58 во Скопје, до Министерството за животна средина и просторно планирање и истата е достапна за увид на веб страницата на Министерство за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).
Контакт :
infoeko@moepp.gov.mk, по пошта на адреса: Министерство за животна средина и просторно планирање, плоштад Пресвета Богородица бр.3, 1000 Скопје.