(22.08.2015) Денес, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири направи увид во изведбените работи на проектот „Изградба на регионален водоснабдителен систем во с. Зајас“, чиј корисник e општина Кичево.
Вкупната вредност на проектот е 59 милиони денари а до сега се реализирани 79 % од работите и исплатено е 66 посто од вредноста на проектот.
Проектот се однесува на изградба на регионален водоснабдителен систем – делница II: од с. Коларе до с. Долно Строгомиште, и е многу важен инфраструктурен проект со кој не само што ќе се подобри водоснабдувањето на жителите на општина Кичево, туку ќе се влијае и врз подобрувањето на заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во регионот.