Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на виртуелната конференција „Зелената агенда за Западен Балкан како поттик за заштита на водите во Северна Македонија“, организирана од Институтот за европска политика во соработка со Институтот за комуникациски студии, во рамките на кампањата „Разбистри сѐ!”.
Настанот овоможи обединување на познавачите на оваа област од највисоко ниво, како и зајакнување на соработката меѓу граѓанскиот сектор и владините институции од областа животна средина.
Во своето обраќање министерот Нуредини истакна дека иако Министерството веќе подолго подолго време посветено работи на имплементација на директивите на ЕУ во однос на одржливото искористување и заштита на водните ресурси во нашата држава, потребни се финансиски средства кои земјата не може самостојно да ги обезбеди, како и понатамошна соработка и зајакнување на локалната самоуправа, со цел да се овозможи одржлив развој и паметно искористување на овој многу битен ресурс.
На конференцијата беше истакнато и дека треба да се врши поинтензивен мониторинг на водите во државата, да се продолжи со изградбата на пречистителни станици и проширување на канализационите мрежа во населените места, да се овозможи зајакнување на администрацијата и соработка со граѓанските организации, како и да се има сериозен пристап кон инвестициите во водата со цел да се намали притисокот врз водените екосистеми.
Панелисти на конференцијата беа и Давор Перчан, раководител, Билатерална и регионална соработка за животна средина, Директорат за животна средина, Европска Комисија; професорот при Институтот за биологија, Природно-математички факултет –Скопје, Светислав Крстиќ; координаторката за Северна Македонија, Инвестициска рамка за Западен Балкан, Орхидеја Каљошевска; и раководителот на програмата за Поддршка на Албанија за пристапни преговори во областа животна средина – Поглавје 27, Јадранка Иванова. На настанот присуствуваа и се обратија и претседателот на РСМ Стево Пандаровски и британската амбасадорка Рејчел Галовеј.