Заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули оствари работна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија Кристијан Тимоние. На средбата Макрадули и Тимоние разговараа за досегашната соработка на двете држави во областа на заштитата на животната средина и за можните правци на продлабочување на истата.
Заменик министерот Макрадули изрази надеж дека поддршката и добрата соработка што Македонија ја има воспоставено со Франција во постигнување на европските стандарди во животната средина, ќе продолжи и во наредниот период.