(29.06.2018г.) Во рамките на билатералните средби кои следеа по одржувањето на 6-тото собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки се сретна и со Наоко Ишии, извршен директор и претседавач на ГЕФ. На средбата се разговараше за досегашната добра соработка на Македонија со ГЕФ, но и за идните активности и планови. Според неа, на почетокот на јули се очекува званично да се соопштат националните алокации на ГЕФ за Македонија. Првичните предвидувања се дека над 5 милиони долари ќе ни бидат ставени на располагање за имплементација на проекти за животна среднина.
ДУРАКИ: Се очекува ГЕФ да алоцира пет милиони долари за животната средина во Македонија
јуни 29, 2018