На петтата годишнина од потпишувањето на Мeморандумот за заедничка визија на Дримскиот Басен и првата година од отпочнувањето на ГЕФ Дримскиот Проект, повеќе од 120 претставници се собраа во Приштина како индикатор на силен моментум за дримскиот процес во оваа година. Операционализацијата на ГЕФ Дримскиот проект и имплементацијата која во наредните 4 години тежи 5.5 милиони долари, овозможува критичен напредок на прекуграничната соработка за управување со дримскиот басен.
“Посветени сме да го кренеме нивото на управување на водените и природните ресурси во Дримскиот басен како придобивка за идните генерации. Дримскиот проект е значаен политички, научен и управувачки процес со потенцијал да донесе значајни резултати. Денешниот настан е рефлексија за зајакнатите капацитети во сите држави од Дримскиот басен околу координираното управување со басенот. Ние треба да го искористиме овој момент да изградиме база за напредок. Размената на гледиштата денес ќе придонесе за подлабоко разбирање на перцепцијата на заинтересираните субјекти, нивните приоритети и очекувања од процесот“ – изјави Стево Темеловски заменик министер за животна средина и просторно планирање на Република Македонија на отворањето на Конференцијата.
Претставниците од меѓународните организации и институциите на државите Басенот, дискутираа за тековните и планираните активности за подготовка на План за управуваање во Дримскиот басен како и за можностите за координирана акција за управување со заштитените подрачја во Басенот и суб-басените.
Главната цел на работењето во Дрим Корда и ГЕФ Дримскиот Проект е да се подигне управувањето надвор од суб-басените во согласност со хидролошката поврзаност на Дримскиот басен. Ова ќе води од делење на водите помеѓу државите и евентуалните конфликти, до делба на придобивките помеѓу заинтересираните страни кои физички, културно и историски се поврзани. Со отворањето на потенцијалите за координирано управување се очекува намалување на ризиците, подобро управување со поплавите и постигнување на позитивен ефект на екосистемот и на добар дел од економските сектори.
4-тата Дримска Конференција на интересентите беше организирана заедно со 12-тиот состанок на Дрим Кор групата и 3-тиот состанок на Експертските работни групи. Заинтересираните страни имаат централна улога во етаблирањето на координираната акција во Дримскиот басен. Оваа 4-та Конференција следеше после настаните на регионално ниво во 2011,2013 и 2015 година. Следните конференции на заинтересираните страни ќе се одржуваат во рамките на ГЕФ Дримскиот Проект еднаш годишно.