Меѓународната заедница ги финализираше долгогодишните преговори за донесување на нов меѓународен инструмент за управување со хемикалиите во текот на нивниот животен циклус.
Во рамките на сегментот на високо ниво, конференцијата ја презентираше декларацијата на високо ниво со која земјите од целиот свет се согласија дека хемикалиите и нивниот отпад претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и животната средина, но исто така, имаат клучна улога во загадувањето кое е една од трите дефинирани планетарни кризи (климатските промени, загрозениот биодиверзитет и загадувањето).
Следејќи ги своите долгорочни цели и амбиции во областа на заштита на животната средина и безбедно управување со хемикалии, Република Северна Македонија е активен учесник во овие глобални преговори и е рамноправна членка на меѓународните договори и конвенции кои се занимаваат со управувањето со хемикалии и нивниот отпад.
Како земја кандидат за членство во Европската унија, Република Северна Македонија е посветена на процесите на усогласување на националната легислатива со Европската регулатива за хемикалии.
Преку заеднички напори и размена на експертиза, конференцијата се труди да воспостави рамка која ја промовира безбедноста од хемикалии, ги штити екосистемите и ја подобрува човечката благосостојба. Овој настан означува колективна посветеност за поттикнување побезбедна и поодржлива иднина за сите, нагласувајќи ја важноста на меѓународната соработка во ефикасното управување со хемикалиите.