Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова заедно со екпертскиот тим ангажиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) изврши прелиминарни посети на локациите на идниот регионален систем за управување со отпад за Полошки, Пелагониски и Југозападен и за Југоисточниот и Вардарскиот регион. Беше извршен увид на лице место на состојбата на предвидените локации, на техничката документација претходно изработена во рамки на ЕУ проектите. Ова е првата фаза пред одобрувањето на кредитот од страна на ЕБРД за кој Владата на Република Северна Македонија аплицираше во март годинава.
Државниот секретар во МЖСПП и екпертски тим од ЕБРД направија увид на локациите на изградба на регионалните депонии во пет региони од земјава
септември 17, 2021