(02.07.2015 год.) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и претставникот на друштво ХИДРОГЕН ЕНЕРЏИ ГРУП ДОО Скопје, денеска, потпишаа Договор за концесија за користење на вода и изградба на две МХЕЦ на река Жеровница. Доделувањето на концесии за користење на вода за производство за електрична енергија на оваа локација е во рамките на шестиот тендер за малихидроелектрични централи.
По завршувањето на евалуацијата и усвојување на Извештајот на Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија, Владата на Република Македонија ја донесе Одлуката за избор на најповолна понуда и за доделување на концесија за користење на вода од река Жеровница, со изградба на две хидроелектрични централи во група.
Согласно оваа одлука избраниот понудувач Конзорциумот составен од ФЕРОИНВЕСТ ДОО СКОПЈЕ и ХИДРОГЕН ГРУП СКОПЈЕ основаше друштво за посебна намена “ХИДРОГЕН ЕНЕРГЏИ ГРУП ” ДОО Скопје со кој е склучен Договорот за концесија за користење на вода и изградба на МХЕЦ Жировничка 5 и 6 со вкупна инсталирана моќност од 1239 kW.
Вкупната инвестициска вредност на проектите чини околу 2.500.000 евра.