Mинистерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова оствари работна средба со директорот на Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе (CNVP) во Северна Македонија, Нехат Рамадани.
На средбата се разговараше за развивање на соработката во области од заеднички интерес со кои ќе се овозможи зелен економски раст во државата и заштита и унапредување на квалитетот на животната средина.
CNVP е холандска фондација основана 2012 година, која преку подружници работи и делува на Балканот и во моментов спроведува проекти во Албанија, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. CNVP веќе има воспоставена добра соработка со меѓународни организации, здруженија што делуваат на територијата на нашата држава и има реализирано успешни проекти со кои се заштитува животната средина и се подобрува квалитетот на животот на локалното население.