Повторно успех од 100% исполнување на барањата од ЕЕА за известување со приоритетен проток на податоци

EIONTЕвропската агенција за животна средина – ЕЕА континуирано собира и обработува податоци за состојбата на животната средина во Европа. Една од целите на агенцијата е да се процени исполнителноста на земјите членки и соработнички со ЕЕА во однос на таканеречените Core Data Flows – приоритетен проток на податоци и информации кои се доставуваат до ЕЕА, со цел укажување на состојбата на националните системи за мониторинг и управување со податоците за животна средина, но и за техничката подготвеност за имплементација на електронските известувања со податоци и информации кон ЕЕА, како и за човечките ресурси – експертизата на националната мрежа на експерти – EIONET – чиј составен дел се претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, но и Институтот за Јавно здравје, Управата за хидрометеоролошки работи и други државни институции кои придонесуваат за ефективно управување со податоците за состојбата на животната средина.

За 2020 година, Северна Македонија повторно нотира успех од 100% при известувањето со податоци и информации во однос на повеќе медиуми од животната средина. Согласно барањата, Македонскиот информативен центар за животна средина (МИЦЖС) како дел од Министерство за животна средина и просторно планирање известува со податоци за квалитетот на воздухот, емисиите во воздухот, биодиверзитетот, ублажувањето на климатските промени (национални инвентари за стакленички гасови) и водите.

И покрај тоа што остануваат предизвиците во однос на застареноста на опремата од системот за автоматски мониторин за квалитет на воздухот, со големи напори повторно е постигнат највисок успех за барањата на релевантните податоци за состојбата со квалитетот на воздухот. Овие успеси на МИЦЖС и Министерството се од особена важност во однос на техничката подготвеност на Северна Македонија за членство во ЕЕА и усогласување со највисоките стандарди за монииторинг на животната средина во Европа.

И покрај тоа што членувањето на Северна Македонија во ЕЕА е поврзано со членството во ЕУ, континуираниот процес на јакнење на капацитетите на националните експерти и потребите за одржливо планирање и инвестиции за реализација на националните приоритети за зајакнување на системите за мониторинг на животна средина – треба да бидат приоритети на највисоко ниво, поради зголемениот обем на работата во секторот животна средина во Европа, но секако и поради потребите од унапредување на животната средина во Северна Македонија.

https://www.eionet.europa.eu/dataflows/2019/?fbclid=IwAR1GOZZyPrdUNwVdpO1u-N4VqybrCHEkvn_HR74yV6usVhnbuCXTOjYfDn8