(21.09.2018г) Денеска, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, присуствуваше на промоцијата на новиот парк во општина Чаир со што беше одбележан Светскиот ден на мирот.
На настанот присуствуваа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу и директорот на ЈП Паркови и зеленило Ардијан Муча.
– Со нашето вклучување ја праќаме пораката дека ги поттикнуваме европските вредности за зачувување на животната средина. Исто така ја покажуваме нашата подготвеност за членство во НАТО со што ќе се заложиме за мирот во светот – изјави министерот Дураки во своето обраќање.
Учениците од ОУ „Имри Елези“ насадија цвеќиња врз симболот на НАТО со што симболично го поддржаа мирот во светот `и ја искажаа желбата да се поттикне свесноста за зачувување и грижа за животната средина, особено во овој дел од Скопје каде што таа грижа е многу слаба.
Потоа, министерот заедно со другите високи претставници ослободи гулаб, оддавајќи на тој начин почит на Меѓународниот ден на мирот.