(03.11.2016г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети денеска, оствари работна средба со заменик амбасадорот на САД во Република Македонија, Микаела Швајцар Блум. На средбата се дискутираше за исклучително добрата соработка помеѓу двете држави во областа животна средина, со посебен акцент на заштитата на амбиенталниот воздух.
При тоа се отвори прашањето за неодамнешната одлука на Министерството за затварање на индустрискиот капацитет Југохром што беше позитивно оценето од страна на заменик амбасадорот Блум.
Во разговорите, министерот Амети потенцира дека Министерството за животна средина и просторно планирање и понатаму доследно ќе ги имплементира законските одредби за исполнување на пропишаните стандарди за животна средина и ќе биде главен двигател на активностите во нејзината заштита.
На средбата, од американска страна присуствуваше и г-ѓа Вирџинија Галински која како експерт за квалитет на амбиенталниот воздух во наредните шест недели ќе му помага на Министерствотоза животна средина и просторно планирање во справување со проблемите со висока концентрација на загаденост на амбиенталниот воздух , особено во зимскиот период. Таа ќе соработува и со сите други национални институции кои се инволвирани и релевантни во областа.