Архива

Презентиран нацрт текстот на Предлог Законот за климатска акција

На денешната јавна расправа Министерството за животна средина и просторно планирање го презентираше нацрт текстот на Предлог Законот за климатска акција. Воведно обраќање имаше министерката за животна средина и просторно плaнирање Каја Шукова која нагласи дека климатската акција е во сржта на европскиот зелен договор, чија цел е трансформација на ЕУ во модерна, одржлива економија… Прочитај повеќе »

Со работилницата „Мотивирај промена“ одбележан светскиот ден на водата

Во организација на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес се одржа работилница насловена „Мотивирај промена“, по повод одбележување на 22 март, Светскиот ден на водата. Работилницата ја отвори министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, која истакна дека Министерството континуирано ги поддржува младите како важен партнер во создавањето на националните политики… Прочитај повеќе »

Потпишан Меморандум за соработка меѓу МЖСПП и АДКОМ

Вчера во Охрид министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претседателот на Здружението на даватели на комунални услуги на Република Северна Македонија – АДКОМ, Пеце Милевски потпишаа Меморандум за соработка со кој ja потврдија соработката меѓу двете институции. Министерството за животна средина и просторно планирање и АДКОМ се долгогодишни партнери со заеднички… Прочитај повеќе »