Архива

Државниот секретар при МЖСПП Соња Лепиткова ги посети децата кои се на рехабилитација на Пелистер

(01.09.2015г) Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање д-р Соња Лепиткова денеска ги посети децата кои се испратени на климатска рехабилитација во националниот парк Пелистер. Средствата за седумдневна рехабилитација на децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање. Активноста се реализира согласно Програмата… Прочитај повеќе »

Министерот Изаири се сретна со директорот на мисијата на УСАИД во РМ, г-дин Стајн

(31.08.2015) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири, денеска, во просториите на Министерството, оствари работна средба со директорот на мисијата на УСАИД во Р. Македонија, г-дин Џејмс Стајн. На средбата двете страни разговараа за продлабочување на соработката во доменот на водите, енергетските ресурси, и климатските промени, при што изразија задоволство од досегашната соработка. 

Министерoт Изаири во Гевгелија на работна средба со градоначалникот Франгов

(27.08.2015г) Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска, во општина Гевгелија, оствари средба со градоначалникот Иван Франгов на која разговараа за тековните и идните активности за изградба на пречистителната станица во Гевгелија.  Вкупната вредност на овој проект изнесува 9,6 милиони евра и се реализира со финансиска поддршка од македонската, грчката и швајцарската… Прочитај повеќе »