Архива

Средба со генераниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија

Во рамките на #COP26, министерот Нуредини оствари средба и со Рафаел Мариано Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија. На средбата разговараа за перспективите и новите технологии за справување со аерозагадувањето. Најавена е повторна средба во  Меѓународната агенција за атомска енергија за продлабочување на соработката со Република Северна Македонија.

Нуредини: Чистата енергија е клучот за намалени климатски промени и поздрава иднина

Министерот Нуредини, се обрати на енергетскиот ден од програмата на претседавачот со #COP26, Обединетото Кралство, посветен на Алијансата за напуштање на јагленот (Power Post Coal Alliance) чија членка е и Република Северна Македонија. Во пленарната сала, со свои излагања настапија министри, како и извршниот директор на Меѓународната агенција за енергетика и специјалниот советник за клима при ОН,… Прочитај повеќе »

НУРЕДИНИ: Построга регулитива, зајакната контрола, како и воспоставување на систем за регионално управување со отпад ќе ги намалат слабостите на секторот отпад

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, преку видео врска се клучи на јавната дебата на тема „Состојбите во животната средина – управување со отпад“ што се одржа денеска во организација на Државната комисија за спречување на корупција.  Дебатата имаше за цел да се развије дискусија и да се дадат конкретни забелешки за… Прочитај повеќе »