(27-29.05.2015 год.) Во период од 27-29 мај 2014 година во Будимпешта, Унгарија во организација на Обединетите нации се одржа 35от состанок на Имплементациониот комитет на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), на кој ќе се разгледува усогласеноста на земјите членки со барањата на протоколите.
На состанокот беше образложен доделениот случај на постигнување на усогласеност на Кралството Норвешка со барањата на Гетеборшкиот протокол во однос на редукцијата на NOx емисиите. Воедно беше подготвен и предлог текстот со предлог заклучок за случајот на неусогласеност на Кралството Данска со барањата за редукција на PAHs, согласно POPs протоколот.
На состанокот се дискутираше и предлог листата за начинот на усно излагање на случаите подготвена од преставникот и образецот за подготовка на случаите.
Претставникот учествуваше и во дискусијата која што се однесуваше и на другите земји во однос на неисполнување на обврските за редукција на емисиите и обврските за известувањето, како и во подготовка на извештајот на Имплементациониот комитет од овој состанок.