33ти состанок на Имплементациониот комитет на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP) 

Во период од 26-28 мај 2014 година во Oсло, Норвешка во организација на Обединетите нации се одржа 33от состанок на Имплементациониот комитет на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), на кој се разгледуваше усогласеноста на земјите членки на протоколите кон CLRTAP со наведените барања. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На состанокот се разгледуваше и објаснувањето на Република Македонија во однос на барањето пресметка на емисии по гридови и обврските кон стариот протокол за сулфур. На претставникот му беа доделени случајот Норвешка за неисполнување на обврските за NOX согласно Гетеборшкиот протокол. Воедно претставникот учествуваше активно и во дискусијата и донесување на заклучоци за останатите случаи на неусогласенот.

clrtap

13-14. 05.2014 – 12та заедничка работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции  

Во период од  13-14 мај, 2014 година во Гент, Белгија  се одржи 12та заедничка работилница на EIONET и Работната група за емисиони инвентари и проекции.

Претставниците на CEIP како и лидерите на TFEIP ги презентираа новите темплејти за репортирање, новиот ЕМЕП Грид како и можноста за апликација кон процедурата за неусогласеност со протоколите.

Претставниците од ЕЕА ги презентираа извештаите и тековните проекти во областа на воздухот.

На панелот за проекции претставникот ги презентираше искуствата и проблемите во подоготвката на проекциите за емисиите на основните загадувачки супстанци. На панелот беа презентирани и искуствата за изработка на проекции од Словачка и Холандија, при што се разменија искуства од повеќе земји.

Воедно беа дискутирани промените на EMEP упатството и планот за активности во областа проекции.

30.06-4.07.2014 – 52ри состанок на Работната група за стратегии и ревизии 

Во период од 30.06-4.07.2014 во Женева се одржа 52от состанок на Работната група за стратегии и ревизии во рамките на конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. Состанокот се одвиваше во повеќе сесии. Во првата сесија работната група беше информирана од страна на работните тела на конвенцијата за извршените и планирани активности. Во следната сесија земјите информираа за преземените мерки со цел редукција на емисиите на загадувачките супстанци од различни сектори како енергетика, домашни ложишта и сообраќај. Од наша страна беа презентирани мерките во енергетскиот сектор кои се преземени или се планираат да се преземат во однос на зголемување на уделот на обновливи извори и изградба на хидроцентрали што воедно ќе доведе според проекциите наведени во националниот план за редукција за намалување на NOx eмисиите и до 9 гигаграма. Како посебна сесија на состанокот беше сесијата која се однесуваше на активностите и мерките од секторот транспорт. Во однос на следните состаноци остана бирото да одлучи за секторот во однос на кој земјите ќе информираат за преземените мерки во истиот.

08-10.09.2014 – 34ти состанок на Имплементациониот комитет на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP)

Во период од 08-10 септември 2014 година во Женева, Швајцарија во организација на Обединетите нации се одржа 34от состанок на Имплементациониот комитет на Конвенцијата за прекуграничен пренос на аерозагадувањето (CLRTAP), на кој се разгледуваше усогласеноста на земјите членки на протоколите кон CLRTAP со наведените барања. На состанокот од Македонскиот информативен центар за животна средина учествуваше м-р Александра Несторовска-Крстеска. На состанокот се разгледуваше и објаснувањето на Република Македонија за неисполнување на барањето за редукција на сулфур диоксид согласно барањата на стариот протокол за сулфур како и активностите кои ги презема Македонија за репортирање на емисии на тешки метали по квадранти. И покрај тоа што претставникот не можеше директно да учествува во дискусија за својата земја, сепак, подетално при дискусија ги објасни проблемите и потребите за стручна помош за исполнување на овие обврски кои се слични за земјите во развој.

На претставникот му беа доделени случајот Молдавија за неисполнување на обврските за POPs и случајот Данска во однос на неисполнување на целите за редукција на емисиите за PAHs. Воедно претставникот учествуваше активно и во дискусијата  и донесување на заклучоци за останатите случаи.