Во периодот од 16.11 до 18.11.2016 година во Женева, Швајцарија, се одржа 12-та сесија на заедничката работна група за Индикатори за животната средина во организација на Економската комисија за Европа во рамките на Обединетите Нации (UNECE).
Согласно дневниот ред се дискутираше детално за подготовката на индикаторите за енергија и биолошка разновидност, се со цел да се подобри квалитет на индикаторите. Од страна на претставниците на UNEP и Европската агенција за животна средина имаше презентации кои се однесуваа на процесот на развивање, организација и зајакнување на капацитетите за заедничкиот информативен систем за животната средина-SEIS.
На состанокот како претставник од МИЦЖС присуствуваше Катерина Николовска, Раководител на одделението за аналитика и известување, која имаше презентација за состојбата со мониторинг и информативниот систем за животна средина и извештаите за состојбата со животната средина.