Во периодот од 21.10.2019 година до 25.10.2019 година во Трст, Италија, се одржа годишна конференција на националните GLOBE координатори за Европа и Евроазија во рамки на програмата GLOBE – Глобално учење и набљудување во полза на животната средина на која учествуваа претставници од 21 земја.
На конференцијата од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, која ги спроведува активностите на GLOBE програмата во Македонија, а истовремено е и GLOBE тренер.
- Учесниците од секоја земја имаа презентација за спроведување на активностите на земјата во рамките на GLOBE Програмата
- Се одржа обука за спроведување на протоколите за атмосфера, хидроологија, клима, биодиверзитет и обука за GLOBE тренерите
- Се дискутираше за учество во проекти кои се спроведуваат во рамките на програмата и администрирање и користење на новата веб страна на Програмата
- Од страна на директорот на GLOBE Програмата беше презентиран степенот на реализација на програмата за работа и стратешкиот план за 2019 година
- Посебен акцент беше даден на прославата на 25 додишнината од GLOBE Програмата во земјите
- Основното училиште„Даме Груев“ од Битола беше пофалено за активностите кои ги спроведува во рамки на кампањата за фенологија
- Особено корисни беа споделените искуства помеѓу земјите учеснички.