На 23 март 2021 се одржа состанок во форма на онлајн вебинар на тема – Презентирање на националните извештаи за состојбата на животната средина на Северна Македонија и Ирска, во организација на Европската агенција за животна средина.
На состанокот од Македонски Информативен центар за животна средина, учествуваше Катерина Николовска, како Национален референтен центар за известување за состојбата на животната средина.
Од страна на Катерина Николовска беше презентиран Извештајот за состојба на животната средина со индикаторски пристап– 2020. Презентацијата ги содржеше сите фази од процесот на подготовка на Извештајот чија основна цел беше да се подготви извештај релевантен за креирање на политика за животна средина, со движење кон мултисекторски интегриран пристап за проценка на животната средина, вклучувајќи: меѓусекторски прашања, проценка на напредокот кон целите на животната средина и потенцијалните ефекти и ефективноста на спроведувањето на мерките за заштита на животната средина согласно законските обврски и стратешките акциони планови.